Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил во гостувањето на Дневникот на Нова.рс изјави дека САД и Србија имаат многу теми за разговор во овие денови, па затоа разговараат за различни работи. Тој потенцираше дека Србија е многу зависна од Русија кога станува збор за руските енергенси и дека земјата треба да внимава во користењето на таа енергија.
-Разговаравме за енергијата, важно е да се справиме со енергетската криза која го зафати целиот свет. Меѓу другото, за Украина. Можеби не се согласуваме за се, но ние сме подготвени да разговараме“, изјави Хил.
Американскиот амбасадор во Белград изјави дека негова работа е да се погрижи српската влада да го разбере ставот на Вашингтон, но и да ги разбере позициите на Белград.
„Се разбира, Србија има алтернативни извори на енергија. Прашањето е само колку брзо тие можат да бидат ставени во функција. Може да се каже дека Србија премногу зависи од руските енергетски извори. Во последните месеци видовме дека Русија не е особено сигурен извор на енергија и Русите ги комбинираат политиката и снабдувањето со енергија. „Србија очајно треба да ги диверзифицира своите извори на енергија и ние би сакале да бидеме дел од тој процес“, истакна Хил.