Инфантино: Трагедијата во Индонезија е шок за фудбалскиот свет

– Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, е шокиран од немилите настани во Индонезија и досегашниот биланс  – 174 лица загинале во стампедо по натпреварот меѓу Арема и Персебаја (2:3) во индонезиското првенство.

– Фудбалскиот свет е во состојба на шок по трагичните настани што се случија во Индонезија на крајот од натпреварот помеѓу Арема и Персебаја на стадионот Канџурухан. Ова е црн ден за сите вклучени во фудбалот. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија животите во овој трагичен инцидент. Заедно со ФИФА и глобалната фудбалска заедница, сите наши мисли и молитви се со жртвите, оние кои се повредени, заедно со народот на Република Индонезија, Азиската фудбалска конфедерација, Индонезиската фудбалска асоцијација и Индонезиската фудбалска лига на ова тешко време, изјави Инфантино.

Инцидентот се случи кога навивачи истрчаа на теренот, по што полицајците употребија солзавец за да ги смират. Поради тоа почнала паника и стампедо.

Вицегувернерот на Источна Јава, Емил Дардака изјави дека бројот на загинати во немирите се искачи на 174.