
Разузнавањето на Северноатлантската воена алијанса ја предупредила командата на блокот за можни тестови на руското подводно беспилотно пловило „Посејдон“, или како уште го нарекуваат „супер-торпедото“, пишува италијанскиот дневен весник La Repubblica.
Во воведот на текстот се наведува дека се чини рускиот претседател Владимир Путин е близу да му постави нов предизвик на Западот и дополнително да го подигне нивото на нуклеарна конфронтација
Во написот на весникот се посочува дека извештајот на разузнавачките служби на НАТО се однесувал на движењата на повеќенаменската нуклеарна подморница „Белгород“, која стана оперативна во јули годинава, во Карското Море, каде што наводно би можело да биде изведено лансирањето на нуклеарниот дрон. Подморницата нурнала во арктичките води и се стравува дека нејзината мисија е првпат да го тестира супер-торпедото „Посејдон“, честопати од воените аналитичари нарекувано „оружје на Апокалипсата“.
„Овој дрон преставен … како еден од системите кои ќе ја вратат стратешката надмоќ ја Русија, е нуклеарна боева глава која плови под брановите десет илјади километри, а пота експлодира во близина на брегот предизвикувајќи радиоактивно цунами. Контаминираниот бран може да збрише од лицето на земјата цели мегалополиси, како Њујорк и Лос Анџелес….“, се наведува во написот на La Repubblica.
Весникот, исто така, истакнува дека инфрацрвените сателити кои ги распоредиле САД не можат да регистрираат во морските длабочини. А се додава дека „Посејдон“ е дизајниран да емитува малку топлина и се движи тивко со брзина од повеќе од 100 километри на час.
„Дури и едноставна објава за тестирање (на подводниот дрон) би му овозможило на Кремљ да ја демонстрира уникатната способност во влечењето на јажето со Западот: оружје против кое нема одбрана“, пишува La Repubblica.
Повеќенаменската нуклеарна подморница „Белгород“ припаѓа на проектот 949А „Антеј), која специјално за системот „Посејдон“ е преработена во проектот 09852. Подморницата беше порината во април 2019 година. Редовен носач на „Посејдоните“ ќе биде нуклеарната подморница „Хабаровск“, но сите нејзини карактеристики се класифицирани.
Рускиот претседател Владимир Путин првпат го спомена развојот на подводниот дрон „Посејдон“ во обраќањето во Федералното собрание во 2018 година. Според него, таквите беспилотни пловила може да бидат опремени и со конвенционално и со нуклеарно оружје, што овозможува да се употребат против различни цели, вклучително и групи на носачите на авиони, крајбрежни утврдувања и инфраструктура.
Според текстот во La Repubblica, „Белгород“ е долга 184 метри и широк 15 метри, може да се движи под вода со околу шеесет километри на час и со безгранична автономија: околу 120 дена без да мора да се врати на површината. Пропелерите, исто така, се сметаат за иновативни, бидејќи се дизајнирани да избегаат од сонар.
Во последните денови „Белгород“ често беше наведувана во анализите за саботажата на гасоводите Северен тек во Балтичкото Моред крај бреговите на Шведска и на Данска, бидејќи тоа е една од активностите за кои е дизајнирана. Но, западните разузнавачи се сигурни дека тој никогаш не заминала од Белото Море, всушност била регистрирана во водите на Арктикот за серија тајни тестови. Сомнежот, пренесен до сојузничките команди, е дека „Посејдон“, со кодно име „Статус-6“, ќе биде тестирам во областа Караското Море: 24 метри долгото торпедо со нуклеарна боева глава веројатно од два мегатони.
„Станува збор за сосема нова категорија оружје, што ќе предизвика промени при планирањата на западните воени морнарици, што ќе доведе до дефинирање на нови барања и нови средства за негово спротивставување“, оценува воениот аналитичар И.Х. Сатон.
Извори од НАТО порано во медиумите посочуваа дека развојот на „Посејдон“ трае со години, со скептични оцени на претставници на Алијансата. Се претпоставува дека некои тестови биле спроведени уште во 2015 година, но никогаш немало лансирање од „Белгород“. Малкумина веруваат дека „супер-торпедото“ веќе би можело да биде оперативно.