Во борбите изминатите три дена повеќе од 900 украински борци загинале во областа на градот Лиман (Красниј Лиман) во Краматорската област во југоисточниот украински регион Доњецк од кој поголемиот дел е под контрола на сепаратистичките проруски и руските сили, објави во понеделникот на дневниот брифинг руското Министерство за одбрана.
„Вкупните загуби на единиците на 66-та и 93-та механизирана бригада на Вооружените сили на Украина во споменатиот правец во тридневните борби изнесуваат повеќе од 900 украински војници“, се наведува во објавата која не може да се провери од независни извори.
Конкретно, во извештајот во кој не се споменуваат загубите на руската страна, се наведува дека руските сили нанеле голема загуба на единиците на 66-та механизирана бригада и на украинскиот резервен состав. Во масивните удари врз нивните позиции биле уништени дневно до 100 украински војници, шест оклопни возила и два повеќеракетни ракетни системи „Град“, се вели во објавата од Москва.
Покрај тоа, руската армија извела ракетни напади врз позиции на 14-та механизирана бригада на украинската војска во правецот на Купјанск, чиишто загуби изминатите три дена се проценуваат на повеќе од 500 војници.
Во областа на Артемовск (Бахмут) во руските удари врз позициите на 10-та горска јуришна бригада на украинската армија загинале повеќе од 260 војници а биле уништени и 14 единици воена опрема
Истовремено во правец на Доњецк, сојузничките сили на проруските сепаратисти и руската војска одбиле обид за офанзива во понеделникот загинале повеќе од 100 војници од 21-от баталјон на 56-та моторизирана пешадиска бригада.