Ринго Стар заразен со Ковид-19

Рок-ѕвездата Ринго Стар (82) објави дека откажува неколку концерти од својата турнеја поради болест. Западните медиуми пишуваа дека, многу веројатно, се работи за Ковид-19, па сега е и потврдено дека поранешниот член на „Битлс“ е позитивен на коронавирус.

„Потврдено е дека Ринго Стар има корона и поради тоа турнејата ќе биде одложена додека тој не закрепне. Ринго заздравува дома и се надева дека ќе се врати на настапите што е можно поскоро“, соопштија неговите менаџери.

Откажани се шест настапи во Канада, закажани од 2. до 9 октомври.

Познатиот музичар, како и многумина кои се заразија со коронавирусот, направил неколку тестови и неколкупати бил негативен, а дури потоа добил потврда дека ја има болеста.