Извозот на американскиот LNG во Европа силно пораснал и покрај проблемите

Американските произведувачи на природен течен гас (LNG) значително го зголемиле својот извоз во Европа во септември, и покрај проблемите во некои погони кои вкупниот извоз го задржале под годинешниов просек, покажуваат податоците на Refinitiv Eikon.

Американските компании произведувале помалку гас отколку што им овозможуваат капацитетите, поради пожарот во погонот на вториот по големина американски извозник на течниот гас „ Freeport“ во јуни, каскајќи зад побарувачката во Европа која бара по алтернативи за рускиот гас чии испораки се сведени на минимум но сѐ уште преку други правци стасува на континентот во значителен процент.

Во септември од американските пристаништа испловиле 87 пратки за 6,3 милиони тони LNG, според прелиминарните податоци за следење на пловидбите на танкерите, само малку повеќе отколку во август кога биле испорачани 6,25 милиони тони. Септемврискиот американски извоз сѐ уште е под просекот во претходните месеци кога биле испраќани 7 милиони тони месечно.

Речиси 70 отсто од испораките, или вкупно 4,37 милиони тони, се испратени во Европа, во однос на 56 односно 63 отсто во претходните два месеца. Поголемите испораки на LNG во Европа значеле помалку гас за пазарите во Азија, Латинска Америка и Кариби кои во моментов се поевтини од европскиот пазар.

Цените на природниот течен гас во септември на американскиот физички пазар, во хабот Хенри, на 7,88 долари по милиони британски топлотни единици (mmBtu) и на највисокото ниво од 2008 година, поттикнати од силната побарувачка на американскиот LNG.

Во Европа, пак, цените во просек биле значително повисоки и изнесувале 57,90 долари по mmBtu, поддржани од шоковите во снабдувањето со гас преку цевководите на Северен тек 1 и Јамал-Европа.

Американските енергетски компании испратиле во септември во седум големи постројки за промена во течна состојба на енергенсот 11,5 милијарди кубни стапки гас дневно (331,3 милиони кубни метри гас дневно).

„Прекинот на испораките преку Северен тек 1 неизбежно ќе влијае на снабдувањето на Европа со гас зимава. Меѓутоа, уште повеќе загрижува влијанието на резервите во складиштата за га с пред следната зима“, пишува во белешката за клиентите Емили Мекклејн „Rystad Energy“.

„Freeport LNG“ повторно во август го одложи отворање на оштетениот погон, овојпат за ноември, најавувајќи дека ќе проработи со целосен капацитет во март следната година.

Откако „Freeport LNG“ ќе го нормализира снабдувањето, американските извозни капацитети би требало само скромно да пораснат, додека не бидат завршени најавените нови терминали. Постројката за течниот гас Коув Поинт во Мериленд би требало до крајот на месецот да ја запре работата поради редовното годишно одржување.

На светско ниво, пак, според истражувањето на „Rystad“, вложувањата во новата LNG инфраструктура би требало во 2024 година да порасне на 42 милијарди долари и ќе биде поголем за дури 20 пати поголема отколку во 2020 година, првата година од пандемијата на коронаворусот кога се вложени само две милијарди долари.

Благодарејќи на новите постројки вкупното снабдување со LNG до 2030 година ќе биде удвоена, на околу 636 милиони тони, проценуваат во „Rystad“.