Арсовски: Мицкоски даде план за заштеда од 300 милиони евра за надминување на енергетската криза, сега сѐ е во рацете на власта и Ковачевски

Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување на радио Лидер говореше за вчерашната средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски каде посочи дека негов впечаток за таа средба е дека власта не ни знае со што ќе се соочи таа самата, државата и граѓаните во зимскиот период и дека конечно е дојдено време да ги прифати решенијата кои ги немаат односно кои што им се понудени.

-Но, во овој момент штом ние нудиме решение за ова сериозна криза, значи навистина работите се излезени од контрола и дека не е 5 до 12 за решенија, туку 12 и 5, тоа е она кое и претседателот вчера го кажа јавно, дека во моментов она што е најпотребно за Република Македонија е граѓаните да не ја почувствуваат оваа криза која што за жал, наша како држава, како граѓани е резултат на неспособноста на оваа влада. Мојот впечаток иако не сум присуствувал на таа средба иако не знам во детали за што се говорело, мојот впечаток е дека власта не ни знае со што ќе се соочи и таа самата, и државата, но и граѓаните во текот на зимскиот период. Зошто го велам ова? Бидејќи сметам дека на толку многу прилики понудени од страна на опозицијата, од нас, од ВМРО-ДПМНЕ каде ги понудивме своите капацитети, знаења, своите луѓе кои функционираат во одредени области, најверојатно заради нивната суета не беа до толку внесени да можат да го разберат тоа дека е дојдено време да ги прифатат решенијата кои што ги немаат односно кои што им се понудени. И еве повторно гледам дека со сето она кое што изминативе денови калкулираа дали да се одржи или да не се одржи средбата, а штом ја прифатија, таму најверојатно имало некој разумен кој што навистина алармирал дека е потребна поддршката од опозицијата, очигледно е дека тие не знаат што се случува во светото и во Република Македонија, рече Арсовски.

Арсовски во текот на своето гостување истакна дека државата е во ваква ситуација затоа што власта е насочена само кон тендерите и кон нивните бизнис интереси.

Тој потсети дека претседателот Мицкоски даде план за намалување и заштедување од околу 300 милиони евра за надминување на кризата со струјата, но сега се е во рацете на власта.

-ВМРО-ДПМНЕ, конкретно Мицкоски, иако знаеме дека решението е предвремени парламентарни избори и кој гледаме дека после сето ова мора да се случат, даде план до власта за намалување и заштедување околу 300 милиони евра и ги даде своите позиции кон претставниците на владата кои ги задолжил Ковачевски да се исконтактираат и да се успее на некој начин да се донесат потребните ресурси, енергенси за да може да се преживее зимата. Сега се останува во рацете на власта, нашите позиции за помош се предадени во нивните раце, додаде портпаролот.