Подлабок пад на деловните активности во еврозоната во септември

Деловните активности во еврозоната уште поизразени паднале во септември, покажа истражувањето на „S&P Global“, задушувајќи ги очекувањата дека економиите кои ја споделуваат заедничката европска валута зимава ќе ја избегнат рецесијата.

Индексот на менаџерите на набавката (PMI) на „S&P Global“ во приватниот сектор во еврозоната паднал во септември за дополнителни 0,8-процентни поени во однос на август, лизнувајќи се на 48,1 поен, најниското ниви во последните 20 месеци. Вредностите под 50 поени покажуваат пад на активностите.

„Сѐ поизразениот пад на деловните активности што го сигнализира PMI им зададе нов удар на надежите дека еврозоната би можела да избегне рецесија. Истражувањето не само што укажува на подлабок економски пад, туку се влошила и ситуацијата со инфлацијата што значи дека владите се соочуваат со сѐ поголем ризик од остро потклекнување на активностите додека настојуваат да ја зауздаат сѐ поизразената инфлација“, толкува Крис Вилијамсон, главен деловен економист на истражувачката компанија „S&P Global Market Intelligence“.

За влошување на трендовите сведочат и вкупните и индексите на влезните трошоци и цените на производите кои остро пораснале. PMI цената на инпутот скокнала од 72,3 на 77,1 поен, според истражувањето.

Поради растот на цените, особено трошоците за енергијата и тмурните економски изгледи, потрошувачите и во септември биле претпазливи, што се гледа во PMI-то за доминантниот сектор услуги, кој во септември паднал за цел поен, на 48,8 поени, најниското ниво од февруари 2021 година.

„Скокот на инфлацијата, поврзан со енергетската криза и војната во Украина, ја уништува побарувачката а очекувањата на компаниите истовремено тонат на нивоата кои не се забележани од должничката криза во еврозоната во 2012 година, со исклучок на периодот на пандемиските блокади“, толкува Вилијамсон.

Оптимизмот на деловните челници спласна во условите на високи трошоци и можно рационализирање на трошењето на гасот, што се гледа во падот на индексот на очекувањата во услужниот сектор за три процентни поени на 53,6 поени, најниската вредност од мај 2020 година, кога Covid-19 почна да се шири низ светот.

„Затоа и компаниите и домаќинствата ги намалуваат потрошувачката и вложувањата кои не се неопходни, подготвувајќи се за остра зима“, заклучуваат економистите на „S&P Global“.

Овие податоци се надоврзуваат на истражувањето на „S&P Global“ кое во понеделникот покажа дека индустриската активност во целата еврозона повторно паднала ви септември, бидејќи сѐ поизразената криза на животните трошоци ја целат побарувачката, а компаниите го намалуваат производството поради високите трошоци за енергијата.