Руските извори известуваат за отстапување на украинската војска

Ситуацијата за руските сили во правецот на Артјемовск во регионот Доњецк ја југоистокот од Украина се подобрува, а украинските сили се принудени да се повлечат, изјави ви четвртокот за руската државна телевизија, челникот на доњецките проруски сепаратистички сили, Денис Пушилин, а руското Министерство за одбрана објави дека се повратени некои села заземени од украинската војска и за одбивање на неколку обиди за напредување на силите на Киев.

„Ситуацијата (кај Артјемовск) и натаму се подобрува, како резултат на борбите меѓу момците на Вагнер (приватна воена компанија) и 53-та бригада на украинската војска, оваа бригада претрпи сериозни загуби и се дислоцираше во Черкаси за да се пополни. Во моментов гледаме дека заземаме нови позиции во Артјемовск, непријателот, не велам без борба но често гледаме дека без моќ и без резерви едноставно самите предаваат одредени позиции“, рече Пушилин за Россия 24.

Претходно во четвртокот Пушилин објави дека украинските единици биле принудени да се повлечат без никаква можност да ги задржат своите позиции. Според него, за планираниот напад врз Красни Лиман (Лиман), украинските сили морале да ги повлечат резервните единици од Артјомовск. Додаде дека моменталните руски напредувања сѐ уште не значи заземање на градот, но дека со неговото целосно контролирање ќе се создаде поповолна ситуација за руска офанзива во другите правци.

Истовремено во редовниот дневен брифинг на руското Министерство за одбрана се наведува дека селото Зајцево, исто така во регионот Доњецк, е преземено од контрола и оти во борбите загинале повеќе од 120 украински војници. Нема податоци за загубите на руска страна. Според наводите, станува збор за војници и офицери на 58-та пешадиска и 128-та планинска јуришна бригада на украинската војска.

Натаму во објавата на министерството таксативно се наведуваат операциите на руските војски во неколку точки на фронтот. Така, за Кипјанската област руските единици успеале да одбијат неколку обиди на украинските сили да напредуваат.

„Во правецот на Купјанск, непријателот со сила до три баталјонски тактички групи направи неуспешен обид да ја продолжи офанзивата во три правци.. Сите напади се одбиен…“, се наведува во брифингот.

Според Москва, во овие борби загинале повеќе од 120 украински војници, биле уништени пет тенкови, 12 оклопни борбени возила и 14 други воени возила.

Во судирите во Херсонската и Николавската област в областите на селата Давидов Брод, Трифоновка и Новаја Каменка во Херсон како и Мурахивка во Николаев биле убиени повеќе од 280 украински борци и двете едници воена опрема.

„Со високопрецизни ракетни удари на руските воздухопловни сили во регионите на Николаев и Херсон уништени се три понтонски премини кои ги користеа украинските сили за премин преку реката Ингулец“, наведува руското Министерство за одбрана.

Во областа на Андреево и Кривиј Рог, украинските сили се обиделе да направат ново пробивање на линијата на одбраната на руските сили, но биле одбиен. Според руската страна, во текот на изминатото деноноќие имало постојани обиди за украински пробој кај четири места, што Киев го чинело загубено повеќе од 100 војници, шест тенкови, осум оклопни борбени возила и девет други возила.

Во областа на Харков, на истокот, руската артилерија уништиле две украински диверзантско-извидувачките групации. Притоа загинеле 25 украински диверзанти и уништени два пикапа со инсталирани тешки митралези,

Покрај тоа, руската војска уништила две украински батерии на повеќекратните ракетни системи „Град“, една во Харков и една на територијата на Доњецк која е под контрола на украинските сили, се додава во брифингот.

Противвоздушната одбрана на сепаратистичките региони собориле и девет беспилотни летала и три проектила од ракетни системи. Истовремено над областите во Доњецк кои се под контрола на сепаратистичките сили биле соборени авиони „Су-24“ и „МиГ-29“ на украинската авијација, се тврди во брифингот на руското Министерство за одбрана.