Мизрахи: Владата бесрамно и без „око да ѝ трепне“ оживува вредности на Третиот Рајх

-Што тоа се смени од 2016-та за да може да се регистрираат здруженија со имиња на фашисти во Македонија? ВЛАДАТА СЕ СМЕНИ И ТРЕБА ЧАС ПОСКОРО ДА ЗАМИНЕ, порачува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на својот Фејсбук профил.

– Оваа влада бесрамно и „без око да ѝ трепне“ оживува вредности на Третиот Рајх. Тоа не се вредностите на антифашистичка и херојска Македонија. На нашата Македонија. Утре ќе доставиме Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации, па мнозинството нека не го гласа и јавно, јасно и гласно нека каже дека е на погрешната страна и на историјата и на сегашноста, истакна таа во својата објава.