Медведев најави каков може да биде одговорот на Русија за нападот врз Кримскиот мост

Русија мора да одговори на украинскиот терористички напад врз мостот на Крим само со директно уништување на терористите, изјави заменик претседателот на рускиот Совет за национална безбедност Дмитриј Медведев, во неделата во одговор во интервју објавено на платформата Telegram.

„Рускиот одговор на ова злосторство може да биде само директно уништување на терористите. Како што е вообичаено во светот. Тоа го очекуваат граѓаните на Русија“, рече Медведев, поранешен премиер и претседател на Руската Федерација.

Според него, „нарачател и сторител на ова злосторство е пропадната држава Укараина“.

„Ова е терористички чин и саботажа, извршена од криминалниот режим во Киев. Без сомненија, а и ги немаше. Сите извештаи и заклучоци се донесени“, истакнува Медведев.

Рускиот Национален комитет (НАК) во саботата извести дека камион експлодирал на Кримскиот мост во раните утрински часови, предизвикувајќи пожар на седум железнички цистерни со гориво. Дојде до делумно уривање на двете коловозни ленти, додека лакот над неговиот пловен дел не е оштетен. Според досегашните сознанија во експлозијата загинале три лица, но не е позната нивната поврзаност со нападот.

Претходно во неделата рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не се сомнева дека инцидентот на Кримскиот мост над Керченскиот теснец е терористички напад зад кој стои Киев со цел да се уништи важната цивилна инфраструктура на црноморскиот полуостров..

Александр Бастрикин, челник на рускиот Истражен комитет на средбата со Путин изјави дека во соработка со Федералната служба за безбедност (ФСБ) идентификувани се осомничените во нападот на Кримскиот Мост. Според негови во терористичкиот акти биле вклучени „државјани на Русија и на странски земји кои помогнале во подготовката…“.

Веќе ја утврдивме трасата на камионот на кој се случи експлозијата. Тоа се Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодар… Идентификувани се превозниците. Со помош на агенти на ФСБ успеавме да идентификуваме осомничени меѓу оние кои можеа да подготват терористички напад“, прецизира Бастрикин.