По пауза од шест години МЗТ Скопје повторно е дел од елитата во АБА лигата и по тешкото гостување во Белград и мечот против Црвена Звезда, македонскиот шампион попладнево од 16 часот го пречекува вториот голем ривал од српската престолнина, Партизан.
МЗТ Скопје во минатото секогаш бил незгоден противник за големиот фаворит. ОД вкупно шесте натпревари што се одиграни на домашен терен, тимот од Аеродром има три победи и три порази.
Денешниот дуел се игра во невообичаен термин бидејќи почетокот е закажан за 16 часот. Нашиот состав реагираше, но за жал не наиде на разбирање во АБА лигата, но и покрај овој факт се очекува полна сала во СЦ Јане Сандански и голема поддршка од трибините.
Задачата ќе биде тешка, МЗТ Скопје е пред уште еден голем предизвик, но во редовите на македонскиот првак ветуваат дека ќе дадат се од себе да направат сензација.