Општинската награда на Крушево за Министерството за култура

На свечената седница на Општина Крушево, на која ќе бидат доделени општинските признанија, ќе присуствува министерката култура Елизабета Канческа-Милевска.

Со одлука на општината, наградата „8 Септември“ како највисоко општинско признание годинава ќе ја добие Министерството за култура за својот придонес за промоција и афирмација на Крушево во рамкина проектот „Крушево град на културата за 2014 година“.