Лукашенко: Во Полска, Литванија и Украина се подготвуваат терористички напади против Белорусија

Белорускиот претседател Александр Лукашенко на седница со безбедносниот врв на земјата предупреди дека постои закана од белоруски радикали кои во соседните Полска, Литванија и Украина се подготвуваат за изведување терористички напади во Белорусија.

„Во заднината на подготовките на милитанти од редовите на белоруските радикали во Полска, Литванија и Украина за изведување саботажи, терористички напади и организирање воени безредија во земјата се зголемува нивото на непосредна закана“, рекол Лукашенко на состанокот од кој инсерти се поставени на Telegram каналот.

Челникот на белорускиот Комитет за државна безбедност, Иван Тертел, минатата седмица изјави дека белоруската опозиција која се наоѓа во странство под менторство на западните земји, подготвува терористички напади во Белорусија, со цел да ја дестабилизира ситуацијата во земјата која освен од источната граница со Русија на запад се граничи со земјите од НАТО и има заедничка граница со Украина.

Конкретно тогаш челникот на белоруската безбедносна служба изјави дека противниците на актуелните власти во Минск „планираат група меѓу 100 и 300 лица за влезат од Украина и да заземат одредено населено место, по можност со административно значење на ниво на локална власт“, а потоа „да тргнат кон Минск“.

Претходно во понеделникот претседателот Лукашенко изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заедничка воена групација како одговор на, како што рече, влошување на тензиите на западните граници на земјата, непосредно по диверзијата на Керченскито мост кој ги спојува црноморскиот полуостров Крим со рускокото копно. Белорусија е обвинувана дека од нејзина територија руските сили навлегле во Украина на почетокот од руската инвазија на 24-ти февруари, па дека и дури во неа учествуваат белоруски единици што Минск повеќепати го негираше.

Летово Белорусија уште еднаш објави за обид за нарушување на нејзиниот територијален интегритет од страна на Украина и тоа со лансирање проектили врз белоруски воени објекти, откако претходно повеќепати го обвини Криев за воени провокации на заедничката граница.