Експлозивни средства на НАТО на Северен тек биле најдени уште во 2015-та, тврдат од „Газпром“

На гасоводот Северен тек 1 преку кој се испорачува гасот од Русија кон Германија и Европа уште во 2015 година се случил инцидент со експлозивна направа на НАТО, која била откриен од проверка на гасоводот со подводен уништувач на мини, којашто според објаснувањето од Алијанската била „загубена во текот на маневри“, изјави во понеделникот, портпаролот на рускиот гасен гигант „Газпром“.

„Денес е неопходно да потсетиме на настаните на гасоводот Северен тек 1 кои веќе се регистрирани порано. Тој случај е добро познат. На 6-ти ноември 2015-та при најавена визуелна проверка на гасоводот беше откриен подводен уништувач на мини ‘Sea Fox’ на НАТО, кој лежеше во просторот меѓу гасоводите, јасно на еден од цевководите“, изјави портпаролот Сергеј Купријанов за телевизијата Россия-24.

Прецизираше дека експлозивната направа лежела на просторот меѓу цевководите, многу блиску до една од линиите, на „точката на 651-от километар, на длабочина од 40 метри“.

„Од НАТО (тогаш) изјавија дека подводниот детонатори бил загубен во текот на вежбите. Вежби на НАТО кога воена експлозивна направа се наоѓа токму под нашиот гасовод“, додаде Купријанов.

Тогаш експлозивната направа била неутрализирана од шведскиот вооружени сили, а привремено била запрена испораката на гасот преку Северен тек 1 поради инцидентот, додаде портпаролот на „Газпром“.

 

Ноќта кон 26-ти септември на четири места истовремено беше откриени истекување на гас од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во близина на данскиот остров Бронхолм во Балтичкото Море во територијалните води на Данска и Шведска. Власите на Германија, Данска и Шведска не исклучија саботажа како причина за инцидентот, а обвинителството на Русија покрена постапка за меѓународен тероризам.

Сомнежите за саботажа на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во шведските и данските води на Балтичкото Море се засилија во четвртокот откако шведската безбедносна полициска агенција SAPO го заврши увидот на местото на инцидентот и во соопштение за медиумите извести дека експлозии предизвикале значителна штета на цевководите. Шведската безбедносна агенција ја води прелиминарната истрага за инцидентот со истекувањето на гас од двата руски гасовода по дното на Балтикот со кој енергенсот се транспортира од Русија до Германија и Европа. Сеизмолошките заводи на Шведска и Данска измериле потреси со магнитуди од 2,3 и 2,1 степени по Рихтер, оценувајќи дека „веројатно одговара на експлозивен набој од неколку стотина километри тротил“.

Рускиот премиер Михаил Мишустин, според медиумите, испратил писмо до својата шведска колешка Магдалена Андерсон, во кое бара руската страна, вклучително и компанијата оператор со гасоводите „Газпром“, да бидат вклучени во истрагата за инцидентите, но оти сѐ уште нема одговор. Претходно беше објавено дека данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод, одлучно ја отфрли можноста на официјален Копенхаген за учество на Русија во истрагата за саботажата и утврдување на одговорните.

Изминатиот викенд агенцијата Reuters објави дека разузнавачки авион на американската морнарица прелетал над Балтичкото Море во близина на местото на инцидентот со руските гасоводи Северен тек 1 и 2, само неколку часа по истекувањето на гасот. Разузнавачки авион на американската морнарица, кој Вашингтон го опиша како рутински лет, прелетал во близина на местото на оштетувањето на Северен тек 2 во Балтичкото Море неколку часа по појавата на првото истекување на гасот.

На крајот од минатиот месец беше објавено дека од 1-ви до 3-ти септември, хеликоптер на американската воена морнарица кружел околу данскиот остров Борнхолм, каде што подоцна е воочено истекувањето од цевководите. Покрај тоа, американски летала прелетале над гасоводите на 10-ти и 19-ти септември, и ноќта од 22-ри на 23-ти септември и ноќта од 25-ти кон 26-ти септември. Во сите случаи траекториите на американските воени летала упатуваат дека станува збор за извидувачки летови или прелети над конкретниот дел од акваториумот. Во медиумите беше наведено дека патеките на хеликоптерите кои извеле ноќен прелет на 23-ти и на 26-ти септември имале „збунувачки патеки“.

Во неделата, пак, германските медиуми повикувајќи се на писмо до германското Министерство за одбрана до парламентарната комисија за одбрана на Бундестагот објави дека германската федерална полиција и воената морнарица започнаа разузнавачки и набљудувачки активноста за расветлување на причините кои довеле до детонации и истекувањето на гасоводите

„Германската федерална полиција, со помош на нуркачи и специјални технологии ги истражува експлозиите на гасоводите Северен тек. Два брода на Бундесверот се во Балтичкото Море за разузнавачка операција“, објави порталот Tagesschau.

Се прецизира дека станува збор за миноловецот „Dillingen“ и повеќенаменскиот брод „Mittelgrund“, кои испловиле од поморските бази во градовите Кил и Екернферде. Стручњаците имаат задача да направат снимки на оштетувањата на цевководите во близина на данскиот остров Борнхолм.

Порталот повикувајќи се на германскиот министер за правда Марко Бушман, исто така, пишува дека Сојузното обвинителство ја проучува потребата од отворање истрага за кривично дело, бидејќи може да станува збор за саботажа со последици за Германија.