Мрежните страници на аеродроми во САД хакирани по повик на проруски хакери

Мрежните интернет страници на неколку голема аеродроми во САД накусо биле онеспособени во понеделникот, откако наводно група проруски хакери повикала на нивно хакирање.

Мрежните страници биле цел на напад со недостапност на услугата, ткн DDoS што се состои во тоа информатичкиот систем да биде напаѓан така да биде затрупан од барања за спојување.

Нападнати се неколку американски аеродроми, меѓу кои оние во Чикаго, Лос Анџелес, Атланта и Њујорк, пренесува AFP.

Кибернетичките напади се случиле откако група проруски хакери позната под името Killnet објавила листа со нивните интернет страници ги повикала преку платформата Telegram своите приврзаници да ги нападнат.

Не е пријавено нарушување во работата на аеродромите, а нападот наштетил само на ресурсите наменети за корисниците, на кои инаку се наведуваат информации за летовите и за услугите. Агенцијата наведува дека повеќето мрежни страници на нападнатите аеродроми во продолжетокот од денот нормално функционирале

Групата Killnet ја презема одговорноста за минатонеделните кибернетички напади врз мрежните страници на американската влада.

Џастин Капос, стручњак за компјутерска безбедност и професор на Техничкиот колеџ при Универзитет Њујорк изјави за FOX 5 каналот дека инцидентот личи на „пишување графите на полициска станица, а не пукање во гумите на колона возила“.

„Само се обидуваат да привлечат малку внимание. Русија досега, со сето тоа што се случува со санкциите поради Украина, всушност направи зачудувачки малку во смисла на кибернетичките напади на своите вообичаени цели“, изјави Кампос.

Стручњакот направи споредба со некои агресивни напади на руските хакери во минатото, и оценува дека со оваа акција сакале да покажат дека сѐ уште се способни за дејствија во САД, како и дека некои од тие групи се на американска почва, но можеби не се под директна контрола на Кремљ или помалку се излезени од контролата.

Капос вели дека Killnet е „проруска ткн хактивистичка група, но оти не е јасно нивото на нејзината поврзаност со руската влада“.