
Краткиот филм „Шише“ на четиринаесетгодишниот Сергеј Сарчевские номиниран во официјалната селекција во категоријата експериментален филм на филмскиот фестивал „Intervideo-Nachwuchspreis“ што се одржува во Мајнц, Германија.
Жири комисијата во состав одлучуваше меѓу пристигнати 406 кратки филмови од 50 различни земји, а младиот Сарчевски влезе во првичната селекција од 10 најдобри филмови и се пласираше на четврто место. Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 26 септември по повод 50-тиот роденден на „Интервидео”.
Овој фестивал за млади таленти до 30-годишна возраст се одржува по трет пат, а оваа година младите филмаџии се натпреваруваа на тема „Промени“, во следните категории: документарен, фикција, анимација и експериментален филм.
Краткиот филм „Шише“ (2013) е базиран на тешкиот живот на Ромите во Македонија и нивната борба за преживување преку продажба на пластични шишиња.
Сергеј Сарчевски досега има направено 7 кратки филмови и има учествувано на неколку фестивали за кратки филмови, како и изложби за фотографија.