Арсовска честиташе 81 година од почетокот на антифашистичката борба со слика од 75 години Антифашизам!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку фејсбук упати честитка до граѓаните за одбележување на 81 година од антифашистичката борба за ослободување на македонскиот народ со фотографија на која стои честитка за 75 години Антифашизам!!.

-Денес одбележуваме 81 година од почетокот на антифашистичката борба за ослободување на македонскиот народ и борбата за победа над фашизмот во Втората светска војна, денот кога во 1941 година започнало народното востание. Овој ден е повод да оддадеме почит на сите борци кои придонеле за слободата, независноста и сувереноста на македонската држава.

Наша обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија како самостојна, независна и демократска држава, да придонесеме да биде достоинствено и просперитетно место за живот на сите граѓани. Нека е честит 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ !, напиша таа во честитката.