Украина го примила првиот од четирите германски противвоздушни системи

. (Photo by Michele Tantussi/Getty Images)

Германија ѝ го испорачала на Украина првиот од четирите ветени системи за противвоздушна одбрана „IRIS-T SLM“, објави во вторникот весникот Der Spiegel.

Според изворите на весникот, предавањето на системот се случил во вторникот во близина на полско-украинската граница на полска територија.

Неименуван извор од германското Министерство за одбрана за Reuters ја потврдил испораката, додавајќи дека се случила порано откако што било планирано.

Ракетите коишто ги користи системот „IRIS-T SLM “можат да погодат цели на височина до 20 и на оддалеченост од околу 40 километри.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот од јуни обраќајќи се во Бундестагот, вети дека Берлин на Киев ќе му ги испорача споменатите противвоздушни системи. Испораките првично требаше да се одвиваат во ноември.

Според сознанијата на Der Spiegel, трите други комплекси се очекува да бидат испорачани во Украина дури следната година, но сѐ уште не е одредено конкретен рок.

Претходно во понеделникот, германската министерка за одбрана Кристине Лимберхт за новинарите изјави дека поради масивниот ракетен напад на Русија врз градовите во Украина се покажува важноста од што поскоро испорачување на напредните противвоздушни системи на Киев, чија противвоздушна одбрана очигледно е разорена во претходните руски удари.

Претходно во понеделникот ноќта Белата куќа извести дека американскиот претседател Џо Бајден му ветил на украинските претседател Владимир Зеленски дека САД на Киев ќе му испорачаат напредни противвоздушни системи, откако во понеделникот во масовниот руски ракетен напад беше разорена украинската енергетска инфраструктура.

„Претседателот Бајден вети дека на Украина ќе продолжи да ѝ дава поддршка потребна да се одбрани, вклучително и напредни системи за противвоздушна одбрана“, се наведува во соопштението на Белата куќа објавено по телефонскиот разговор.

Руската војска од воздух и море во понеделникот рано утрото ракетираше воени и инфраструктурни цело во десетици градови ширум Украина, во кои загинаа 12 цивили а ранети беа 80 луѓе, во одмаздничкиот напад за терористичкиот напад врз Кримскиот мост претходниот викенд.

Предупредување за воздушен напад беше објавено и во вторник наутро низ цела Украина. Имаше информации за експлозии во регионите Лавов, Виница, Павлоград, Ивано-Франковск, Кривој Рог, Киев, Днепропетровск, Николаев и Хмелницки.