Облачно со повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните, а потоа и во останатите подрачја. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).
Утринските температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека дневната ќе достигне максимални 20 степени.
Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Максимална температура до 18 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.
Утре во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.