Чаир денеска без вода

Поради дефект на водоводната мрежа, денеска во 10 часот, без вода останале дел од жителите од општината Чаир, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Во соопштението тие додаваат дека дефектот настанал на улицата Коста Абрашевиќ број 82, а без вода останале корисниците од улиците Цветан Димов и Коста Абрашевиќ, а намален ќе биде водостојот на корисниците од населбата Гази Баба.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на отстранување на дефектот.