Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повторно ја бранеше својата политика на потпирањето на Германија на увозот на енергенсите од Русија.
„За преодниот период ни беше потребен гасот од Русија за пота еден ден да минеме на форми на енергијата од ослободените емисии на јаглерод диоксид“, изјави Ангела Меркел на тркалезната маса во Лисабон во четвртокот вечерта.
Појасни дека во времето додека ја предводеше германската влада потпирањето на рускиот гас било најлогичното решение.
„Од денешна гледна точка беше рационални и самото посебе разбирливо преку гасоводот да се купува гасот од Русија, наместо да се увезува скапиот течен гас од другите делови на светот како Саудиска Арабија, Катар или САД“, рече Меркел и додаде дека „човекот дејствува сходно времето во коешто живее“.
Особено истакна дека во моментов во кој Германија ја донела одлуката за постепеното гасење на нуклеарните и централите на јаглен била потребна замената на овие енергенси.
Поранешната германска канцеларка, којашто на должноста остана повеќе од 16 години, појасни дека Русија, односно Советскиот сојуз, дури и во времето на блоковската Студена војна бил сугурен партнер кога станува збор за испораките на енергенсите.
„Јас не верувам во доктрината ‘промени преку трговијата’, но верувам дека преку трговијата може да зајакнат контактите, И затоа денес не се каам поради тогашните одлуки, туку сметам дека беа исправни од тогашна перспектива“, рече Меркел во Лисабон на собирот одржан во организација на фондацијата „Гулбенкјан“.
Германија поради руската војна во Украина и падот на испораките на гасот од Русија, се сврте кон увозниот течен гас и го забрза градењето на LNG терминал на северот на земјата. Меѓутоа, пристанишниот град Хамбург, каде беше планирана првиот терминал за течен гас минатиот петок ги отфрли таквите планови. Претходно, пак, германскиот министер за економијата Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени кои ги бараат „пријателските“ земји од Германија, во прв ред САД, за испораките на гасот кој треба да ги замени испораките на енергенсот од Русија.
Сепак, и покрај целосниот прекин на испораките од Русија, германската влада во петокот објави дека подземните складишта, две седмици пред најавениот рок на 1-ви ноември, се 95 отсто пополнети.