Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 629 тестови, а се регистрирани 70 нови случаи на КОВИД-19: Скопје– 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3, Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1.
Од вкупниот број на позитивни (70), има 18 реинфекции. Евидентирани сe 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, исто така, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551, а бројот на активни случаи изнесува 327.