Маричиќ по извештајот на ЕК: Кризата не е изговор, туку е реална пречка

Вицепремиерот Бојан Маричиќ вечерва гостуваше во „Топ Тема“ на ТВ Телма при што кажа дека кризата не е изговор, туку е реална пречка.

„Ако ние имаме период во кој Владата неминовно мора да се занимава и со недостаток на струја и останати ресурси, за да може да ја поминеме зимата мирно без посериозни последици. Кризата не е изговор, туку реална пречка. Утре почнува грејната сезона и сите ќе бидеме фокусирани на менаџирање на последиците од кризата“, кажа вицепремиерот.

Европската комисија (ЕК) во последниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ ја оцени земјата како умерено подготвена во поголемиот дел од политичките критериуми.

„Со оглед на тоа дека по вкупните оценки сме втори во регионот, зад Црна Гора, треба да бидеме задоволни“, кажа Маричиќ.