Хофенхајм сигурен на гостувањето кај Шалке

Фудбалерите на Хофенхајм го совладаа Шалке со 3:0 на гостувањето во Гелзенкирхен во првиот натпревар од 10 коло на германската Бундеслига во петокот.

Двоен стрелец за гостите беше Данецот Ронерг Сков, а двата погодока ги постигна со удари од белата точка во 11 и во 59 минута, Во втората минута од судиското продолжение голот за 2:0 го постигна Мунас Дабур.

Хофенхајм со 17 бодови привремено скокна на третото место. Водечкиот Унион Берлин има 20 бодови и натпревар помалку, како и второпласираниот Фрајбург кој има 18 бодови. Шалке со шест бодови е 16-ти.

Во сабота на распоредот се натпреварите Ајнтрахт – Баер Леверкузен, Штутгарт – Бохум, Вердер – Мајнц, Волфсбург – Борусија Менхенгладбах и РБ Лајпциг – Херта, а во недела играат Келн – Аугсбург, Унион Берлин – Борусија Дортмунд и Баерн Минхен – Фрајбург