
Косовската полиција во утринските часови го упсила Шефќет Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина.
Големи полициски сили биле околу и во куќата на имамот, каде според медиумите се пронајдени и силни докази за неговата поддршка на радикалниот ислам.
Освен Красниќи уапсени се уште неколлку лица а акцијата продолжува.
Денешата акција на косовската полиција е продолжение на големата акција реализирана минатиот месец, кога беа уапсени повеќе од 40 косовски џихадисти.
Имамот Красниќи на јавноста и е познат по неговите највредливи изјави за блажената Мајка Тереза, но и благословувањето на првиот Лосовец кој загина како џихадист во Сирија. Од Косово на боиштата во Сирија и Ирак има најмалку 150,главно млади, а досега официјалната бројка на загината е 17.