
Првите ешалони со руски војници од новата заедничка руско-белоруска воена групација пристигнале во Белорусија, извести во саботата Минск по најавата за формирање на таквите сили кои треба да ја заштитуваат белоруската граница од заканите од украинска територија.
„Првите возови со руските војници коишто ја сочинуваат регионалната воена групација пристигнаа во Белорусија“, објави белоруското министерство за одбрана.
Во соопштението се додава дека таквата одлука „се спроведува исклучиво во интерес на зајакнувањето на безбедноста и одбраната на границата на државниот Сојуз и оти „е диктирана од моменталните активности во пограничните региони“.
Претходно во петокот белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави дека неговата земја е ставена во состојба на зголемена терористичка приправност поради трупањето војски на нејзините граници и тензиите. Потегот Лукашенко го поврза со извештаите од понеделникот дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.
Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањето на Заедницата на Белорусија и Русија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија, со крајна цел создавање заедничка држава.
По доаѓањето на власт на белорускиот претседател Александр Лукашенко исчезна ентузијазмот за поголема политичка интеграција, бидејќи тој стравуваше од губењето на овластувањата и моќта, а често во минатото кокетираше и со Западот. Меѓутоа, Лукашенко се премисли откако увиде дека западните земји во своето приближување до границите на Русија имаат намера да изведат во Минск сличен преврат како и во Киев во 2014 година, а по претседателските избори во маја 2019 година кога не му беше признаена надмоќната победа и беа организирани масовни протести под обвинение дека се наместени резултатите. Тогаш Москва финансиски го поддржа во врска со наметнатите санкции, а му помогна и во нормализирање на безбедносната состојба имајќи ги предвид зголемените трупи на НАТО на белоруските граници.
Поради разместувањето на белоруските единици, Киев кој од Минск повеќепати годинава беше обвинуван за воени провокации на заедничката граница, ставува дека Лукашенко би можел да ги ангажира во помош на руските сили на теренот во Украина. Меѓутоа, политичките аналитичари не веруваат во таквата опција, но сметаат дека Лукашенко можеби не да биде во позиција да го одбие таквото барање, доколку дојде од Москва.