Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го загуби вториот пријателски меч против Црна Гора во Бар со 29:30, откако во првиот дуел славеше со 32?30.
Селекторот Раде Стојановиќ имаше можност да го тестира квалитетот на неговите ракометари, а најдобар стрелец во втората средба против Црна Гора беше Димитар Узунчев кој постигна осум голови, додека добар настап имаше и Валентин Карасманакис со пет погодоци.
Кадетите во август постигнаа голем успех, откако успеаа да го освојат златниот медал на ЕХФ-шампионатот.