Екипите на Феникс 2010 и Еуро Никел ги забележаа вторите победи на натпреварите од првата македонска кошаркарска лига.
Скопскиот состав има „два од два“ откако ја надигра Навико Академија ФМП со 79-62. Домаќините беа подобри во сите четвртини и заслужено славеа во меч во кој Трајковски реализирапе 19.поени и 11 скокови, Хот додаде 12 поени и исто толку скокови, а Бекингем затвори со 16 реализации и 10 скокови.
Еуро Никел беше доминантен со Куманово и го совлада со 26 разлика (84-58), додека пак имаше вистинска драма во Гевгелија каде Кожув триумфираше над Струмица со 88:86. Имено Стаменковиќ погоди за три поени со звукот на сирената, но по „повторената снимка“ судиите одлучија дека обидот на гостинскиот кошаркар вреден три поени бил после истекот на последната секунда, па Кожув стигна до првата победа во новиот шампионат.