Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин рече дека колку побрзо прифатат дека земјата не ја сака Европската унија и дека нема место таму, толку подобро ќе им биде, додавајќи дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“.
„Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по налудничавите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не нѐ сакаат“, изјави Вулин за дневниот весник Вечерње новости.
Вулин, покрај тоа, оцени дека „ЕУ како сојуз е минато“, бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од Унијата „станаа територии, а не држави“.