Никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова Центрачното претседателство, бидејќи е член на претседателството, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи.
По вчерашниот состанок на Централниот совет на ДУИ, Османи вели дека односите во партијата се добри и дека новата енергија на партијата ќе биде видлива во периодот кој следи. За проблемите со кој се соочувале, вели тие се слични во сите партии и организации но проценките се прават во однос на тоа дали постои капацитет да се надминат и од тешкотиите да се создадат можности.
„Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави”, изјави Османи.
Според него, по партискиот состанок во јавнста и медиумите биле пласирани „многу погрешни информации“, во однос на тоа дека некој добил смена од функцијата.
„Тоа не е точно. Значи никој не е сменет од позицијата, туку е избрано ново раководство во кое генералниот совет на партијата ги има одлучено, не само членовите на централното претседателство, туку и потпретседателите и генералните секретари. Мислам дека Артан Груби е унапреден на ова централно претседателство, бидејќи е член на претседателството”, рече портпаролот на ДУИ.
С
поред Османи, ДУИ изминатите дваесет години се покажала како лидерска партија која нема изгубено ниту едни избори и станува се посилна.
Во саботата беше одржан долго очекуваниот состанок на Централниот совет на ДУИ на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „Огнена група“. На состанокот, овој орган на партијата донесе одредени измени во партиското раководство, па така за потпретседатели на партијата беа избрани пратеникот Изет Меџити кој исто како и Блерим Беџети припаѓаше во групата која бараше промени во раководството на партијата.
Покрај Меџити, нови потпретседатели се пратеничката Арбана Пашоли, директорот на „Македонски енергетски ресурси” Бајрам Реџепи и за старо-нов потпретседател беше избран координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми. На местото на Артан Груби кој беше организациски секретар на партијата дојде Блерим Беџети, актуелен градоначалник на о.Сарај кој беше дел од таканаречената „Огнена група“.