Османи му порача на Димитров да се грижи за историјата а не за политиката

Ангел Димитров, шефот на бугарскиот историски тим  бара од Брисел да ја дисциплинира Македонија, бидејки како што вели, таа не се однесува како земја кандидат. Доказ за тоа, според историчарот, е односот кон бугарските клубови и бугарската химна на фудбалскиот натпревар Бугарија-Македонија во Скопје.

За жал, од 2019 година гледаме враќање на општоприфатеното пропагандистичко политичко однесување, кое потсетува на раните 90-ти години и втората половина на 40-тите кога Бугарија беше прогласена за непријател на комунистичка Југославија и новосоздадената Република Македонија. Апсурдни се изјавите дека бугарските клубови и наштетуваат на македонската чест, вели во изјавата за Булгариа он аир, Димитров.

Реагираше шефот на дипломатијата Османи, со порака до Димитров да не се меша во политика туку да почне да се однесува согласно својата функција копрестедател на Комисијата за историски и образовни прашања.

Во меѓувреме бугарскиот државен архив работи на промоција на ликот и делото на Гоце Делчев преку објавување на специјализиран сајт. Велат дека побарале соработка и со македонскиот архив, но иако им било одговорено позитивно, оваа соработка не била реализирана.

Целта на овој сајт велат од бугарскиот архив е да се долови личноста на Гоце Делчев и неговата улога во историјата.