Во последните неделни натпревари од 9-то коло во шпанското фудбалско првенство Реал Бетис со 3:1 ја совлада Алмерија, а Еспањол минимално славеше со 1:0 над Реал Вајадолид.
Стрелци за Бетис беа Вилијам Карваљо во 23 и 71 и Борха Иглесијас во 66 минута, а за гостите погоди Ел Билал Туре во 52 минута.
Бетис со победата скокна на четвртото место со 19 бодови, исто колку што има и третиот Атлетико Мадрид и петтиот Реал Сосиедад. Алмерија е во опасната зона 18-та е со 7 бодови.
Стрелец за победата на Еспањол над Вајадолид беше Хоселу во 78 минута. Еспањол моментално е 13-ти во долгата низа тимови со по 9 бодови, додека Вајадолид е во групата со по 8 бодови и моментално е 17-ти.