Денеска (17.10.2022) во 11.55 часот во населбата Ќерамидница, од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Е.А.(19) од Штип.
За него била распишана централна потерница по наредба од Затвор Струмица, каде издржувал казна затвор за сторено кривично дело по чл.242 од Кривичниот законик, а дополнително за него се води постапка во Основен Суд Штип поради сомнение за сторени други кривични дела по чл.236),
Е.А. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа.