Инфлацијата во Бугарија на највисоко ниво од 1998-та

Инфлацијата во Бугарија е зголемена во септември и го достигна највисокото ниво во изминатите 24 години, соопшти Националниот статистички институт.

Потрошувачките цени се зголемија за 18,7 отсто на годишно ниво во септември, побрзо од растот од 17,7 отсто во август.

Последната висока инфлација, според истиот извор, била во мај 1998 година, кога изнесувала 18,8 отсто.

Само трошоците за комунални услуги се зголемија за 30,6 отсто на годишно ниво во септември, а цените за храна и безалкохолни пијалоци се зголемија за 25,5 отсто.

На месечна основа, потрошувачките цени во септември се зголемија за 1,2 отсто