
На социјалните мрежи кружи список на имиња кои, според она што пишува, се членови на две семејства вработени на Тетовскиот универзитет.
На списокот што е објавен наведени се 25 члена од семејството Амети, односно семејството на ректорот на Тетовскиот универзитет Вулнет Амети.
Сопругата, синот, братот, синот на тетката, братучетка, ќерка на баџанакот – застапени се сите роднински врски,
Вториот дел од листата го сочинуваат членовите на семејството Беадини, професор на Медицинскиот факултет. И кај него е широка лепезата на роднински врски во високообразовната институција: сопруга, братанец, брат, ќерка, син, зет….
На крајот, авторот на овој обемен список се извинува ако заборавил некого, сепак, застапени се 36 лица.