На 80 години почина Франко Гати, член на славната италијанска група Ricchi e Poveri

Франко Гати, поранешниот член на прославената италијанска музичка група Ricchi e Poveri почина на 80-годишна возраст, објави во вторникот агенцијата ANSA повикувајќи се на семејството на музичарот.

Според дневниот весник Corriere della Sera, Гати во 2016 година го напуштил бендот, иако сѐ уште имал намера да учествува во оригиналната постава како почесен гостин на култниот фестивал на италијанската поп-музика Сан Ремо во 2020 година.

Во текот на нивната долга кариера, којашто го достигна врвот на популарноста во 1970 и 1980-те години со хитовите како „Che sarà”, „Sarà perché ti amo”, „Mamma Maria”…, Ricchi e Poveri беа редовен учесник на спектаклот во Сан Ремо, и често пати ја освојуваа главната награда. Од 1990-те година бендот се посвети на телевизиски и концертни настапи во земјата и странство.

Формално, групата чиј состав се намали, не престана да постои и сега настапува како дует на Анџело Сотџу и Анџела Брамбати. Двајцата преку медиумите изразија голема тага за смета на колегата и пријател кој во групата беше од основањето во 1967 година до 2016-та и потоа од 2020 до 2021 година,