
Поради изведување на два водоводни приклучоци на улицата Боривое Милошевски бб, делови од општината Гази Баба денеска останаа без вода.
Како што информираат од претпријатието „Водовод и канализација“, без вода останале во 12:30 часот улиците Боривое Милошевски бб, како и корисниците околу Кванташки пазар.