Gorenje машини за перење со 10 години гаранција на моторот

Перење алишта на еколошки начин

Во прилог на фактот дека машините за перење трошат многу енергија и вода, прашоците за перење и омекнувачите не се најеколошки решенија. За да перете поекономично и еколошки, обидете се да ги следите овие совети, кои нема да предизвикаат да настрада чистотата на вашата облека:

  • Перете ја облеката кога е навистина валкана или кога е замирисана. Не перете ги маиците или панталоните што се носени само еден-два часа.
  • Избегнувајте го претперењето бидејќи тоа ќе заштеди вода и електрична енергија. Само вистински валкани алишта имаат потреба од претходно перење, но исто така, тоа може да се реши со рачно перење на валканите алишта пред да ги ставите во машината за перење.
  • Заменете ја постарата машина за перење со нова која заштедува енергија; една машина за перење стара 20 години, во просек користи 2,5-пати повеќе електрична енергија.
  • Исто така е важна и количината на алишта со која ја полните машината за перење. Преполнетата машина го спречува ефикасното вртење, додека машината со недоволна количина, троши повеќе вода и енергија за еден килограм алишта.
  • Ако е можно, вклучете ја машината за перење за време на пониската тарифа за електрична енергија.

Дали сакате да одите понапред уште една екстра милја? Користете органски детергенти за перење и омекнувачи за ткаенини (оние што не содржат толку многу состојки добиени од масло) – ако не можете да ги најдете во локалните продавници, можете исто така да ги направите сами дома.

Изберете ја вистинската машина за перење за вашите потреби

Gorenje машините за перење алишта се дизајнирани според стандардите на најнапредната технологија за перење. ExtraHygiene, програма за перење со пареа, отстранува до 99,9% од бактериите и мувлата користејќи ја моќта на пареата и високата температура на перење. Вашите алишта ќе бидат совршено чисти, а во исто време вашата машина за перење ќе остане чиста подолго време, без бактерии и непријатни мириси. Со програмата AllergySteam, можете да го заштитите вашето семејство од алергии со користење на висок интензитет на пареа.  А ако сте во брзање и немате време за ништо, со функцијата за брзо перење (FastWashing) можете да го намалите времето на перење на секоја програма, вклучувајќи ја и програмата на предперење и програмата која користи дополнителна вода.

Gorenje машините за перење покрај одличните цени и целосната и бесплатна 5 годишна гаранција, имаат 10 години гаранција на инвертер моторот. Инвертер PowerDrive моторот е создаден со цел да овозможи долговечност на вашата машина за перење, притоа заштедувајќи електрична енергија при секое перење.

Благодарение на сите овие и многу други карактеристики, можете слободно да се препуштите на работите што најмногу ги сакате. Оставете им го перењето алишта на Gorenje машините со инвертер PowerDrive мотор, кои се дизајнирани да ја вршат работата на ефективен, лесен и еколошки начин, а сето тоа со подолг век на траење на апаратот!