Мелони: Новата италијанска влада ќе ги следи политиките на ЕУ и НАТО

Џорџ Мелони, којашто наскоро треба да стане првата во историјата премиерка на Италија, во средата ги предизвика своите десничарски партнери велејќи дека нејзината влада целосно ќе го поддржува НАТО и во целост ќе биде дел од Европската унија.

„Италија со нас во владата никогаш нема да биде слабата алка на Западот“, изјави Мелони додавајќи дека секоја партија којашто не се согласува со оваа изјава нема да се придружи на нејзината администрација.

Нејзината партија Браќа на Италија (FdI), која ги влече корените од постфашистичките партии која доминира со конзервативниот сојуз.

Изјавата на Мелони следеше по објавувањето на снимката на којашто нејзиниот сојузник од партијата Напред Италија (FI), поранешниот премиер 86-годишниот Силвио Берлускони, го обвинува украинскиот претседател Владимир Зеленски за поттикнување на со месеци долгата војна со Русија.

Берлускони, за кога станува збор за непотребно жртвување на луѓето, а долги години имаше одлични односи со рускиот претседател Владимир Путин, на почетокот ја осуди руската инвазија во Русија но го критикуваше и одговорот на Западот на кризата, а некои негови изјави мините месеци беа толкувани како поддршка на политиките на Москва.

Мелони, од којашто веќе овој викенд би можело да се бара да ја состави владата, повеќепати ветуваше дека ќе продолжи да ја поддржува Украина и западните санкции против Русија.

„Со една работа бев, сум и секогаш ќе бидам јасна. Планирам да ја водам владата со јасна и недвосмислена надворешна политика. Секој што не се согласува со оваа темелна политика, не може да биде дел од владата“, порачува Мелони.