Германскиот претседател ја откажа посетата на Киев од безбедносни причини

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја откажа својата планирана посета на Киев во четвртокот од безбедносни причини, потврдија во средата ноќта од неговиот кабинет.

Претставник од неговиот кабинет го потврдил пишувањето на весникот Bild, според кој откажувањето на патувањето на Штајнамер во украинската престолнина дошло по препорака на министерството за надворешни работи, како и министерството за внатрешни работи и безбедносните агенции.

Според пишувањето на Bild, откажувањето на посетата на Штајнамаер предизвикало нервоза во Киев. Портпаролот на украинската влада изјавил за весникот дека „додека претседателот ја откажува својата посета, многу меѓународни дипломати и гости“ наводно сакат „во моментов“ да го посетат Киев.

Штајнамер ја планираше посетата на Киев во април, но украинската страна го одби обвинувајќи го дека во минатото имал блиски односи со Русија. Тој во текот на својот прва мандат во 2018 година во екот на заострувањето на односите меѓу западните земјите и Москва, порача дека Западот „не треба да ја смета Русија за непријател“.

Меѓутоа, во јули годинава Штајнамер во една пригода изјави дека „војната на рускиот претседател Путин во Украина е и војна против европското единство“, по што односите со Киев беа подобрени.

Социјалдемократот Штајнмајер го извршува вториот мандат како претседател на државата, а беше министер за надворешни работи во две влади на канцеларката Ангела Меркел. Беше еден од главните промотори на политиката „Промени преку трговија“ (Wandel durch Handel), концепт кој промовираше демократски реформи преку поблиски трговски односи со Русија. Штајнмајер беше и еден од главните поддржувачи на гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија. Откако поради тоа остро критикуван од Киев и понижувачки одбиен да ја посети украинската престолнина, Штајнмајер неодамна рече дека неговата политика на помирување кон Путин „била погрешна“.

Од Москва, пак, потсетуваат дека во февраури 2014 година по почетокот на протестите на киевски Мајдан поддржувани и финансирани од Западот, Франк-Валтер Штајмаер како тогашен шеф на германската дипломатија, заедно со тогашните француски Лорен Фабиус и полски колега Радослав Сикорски во Киев постигнаа како гаранти договор со тогашниот украински претседател Виктор Јанукович за уставни реформи и распишување вонредни избори пролетта истата година за запирање на немирите. Меѓутоа, веднаш следнот ден следеше превратот кога вооружени лица во маскирни униформи влегоа во Врховната Рада (парламентот на Украина) под закана со оружје ги избркаа пратениците на тогаш владејачката проруска Партија на регионите и всушност беше соборена тогашната легитимна украинска влада.