ФИА откри „процедурални проблеми“ на јапонското Гран при

Светската автомобилистичка федерација ја заврши истрагата за појавата на возило-кран на патеката за време на јапонското Гран при.

Тркачите жестоко го критикуваа излегувањето на техничкото возило на патеката кое се појави по несреќите во првиот круг. Трката во тој момент веќе беше прекината, но пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли, за малку ќе се судреше со кранот поради екстремно лошата видливост.

Во слични услови, последната фатална несреќа во Ф1 се случи во 2014 година кога Жил Бјанки удри во кран исто така на јапонското ГП.

ФИА констатирала прекршоци, но целосен извештај се уште не е доставен.

– Идентификувани се процедурални прашања кои ќе се коригираат на краток до среден рок. Наодите ќе бидат објавени во наредните денови, се вели во соопштението на ФИА.

Покрај тоа, ФИА објави промени поврзани со безбедноста на техничките прописи од 2023 година. Возачите ќе користат поголеми ретровизори за да ја подобрат видливоста во мртвите точки. Безбедносните лакови, исто така, дополнително ќе се зајакнат – овие елементи се веќе истражени по несреќата на пилотот на Алфа Ромео, Жоу Гвнју, на трката за Големата награда на Велика Британија.