ВИДЕО| Одбиени украински обиди за напредување со камиказе-дроновите

Руските сили на украинското боиште одбиле обид на украинските вооружени сили за напредување во правец на Николаево и Кривиј Рог на југот од Украина, објави во четвртокот руското Министерство за обрана и објави видео со дејствување на руските камиказе-дронови.

Според руската страна, чиишто наводи не може да се проверат од независни извори, на споменатиот правец украинската војска ангажирал три баталјони, како и еден тенковски баталјон.

„Во областа на населбата Сиханово во Херсонската област, непријателот успеа да продре до одбранбените позиции на руските единици. Претрпувајќи значителни загуби, поради што украинските единици неорганизирано побегнаа. Ситуацијата долж линијата на одбраната е потполно обновена“, се тврди во соопштението.

На овие позиции во последното деноноќие загинале повеќе од 200 украински војници, биле уништени 14 тенкови, 16 оклопни борбени возила и седум други возила. Руските сили заробиле два тенка и едно пешадиско борбено возило, а 18 украински војници се предале, вели руското министерство за одбрана,

Во правец на Лиман (Красниј Лиман) во Донецката област, според истиот извор, со концентриран оган на го спречиле обидот на украинските сили да ја минат реката на Жеребец и да продрат на териториите на Доњецк и Луганск кои се под контрола на руските сили. Во овие борби биле убиени повеќе од 40 украински војници, три оклопни борбени возила и три пикапи со тешки митралези.

Истовремено руското Министерство за одбрана објави видео материјали на кои се прикажани акции на уништување на украинска воена опрема со беспилотните летала „Куб“ и „Лансет“ за кои на Западот и Киев тврдат дека наводно се иранските беспилотни летала „Шахид-132“. Русија од пролетта ги користеше дроновите самоубијци „Куб“.

Иран повторно во средата негираше дека на Русија ѝ испорачал беспилотни летала, како што се тврди на Западот. Според некои извори, Москва на Техеран пред неколку години му ја предал оваа технологија до којашто дошла со индустриска шпионажа, а според други руската индустрија ги произведува според иранска технологија до која е дојдено со своевремено „киднапирање“ на американски дронови во Авганистан.