
Земјите членки на Европската унија усвоија санкции против Иран поради наводното испраќање на ирански беспилотни летала на Русија кои наводно се користат за напади врз цели во Украина, објави на Twitter чешкото претседателството со Советот на ЕУ.
Санкциите ќе стапат на сила во Службениот весник на ЕУ кој ќе биде објавен итно во четвртокот. Сопственоста на тројца ирански поединци и еден ентитет во ЕУ, доколку ги има, ќе бидат замрзнати и тие нема да смеат да патуваат во ЕУ. Покрај тоа, се заоструваат санкциите против двајца поединци и два ентитета.
ЕУ, без презентирање докази, одлуката ја носи врз база на тврдењата на Киев и САД, дека руската војска наводно ги користела дроновите „Шахед-136“ за напади врз украинската енергетска инфраструктура и воени цели во градовите. И Москва и Техеран негираат дека руската војска добила ирански дронови.
ЕУ веќе воведе неколку санкции за Иран, како и низа економски и финансиски мерки, вклучително трговски и транспортни рестрикции како и замрзнување на сопственоста на големи ирански банки. Последниот круг од санкциите беше воведен во понеделникот поради задушувањето на антивладините протести поттикнати од смртта на девојката Махса Амини, за кои Техеран тврди дека се организирани и координирани од израелските и американските тајни служби.