Неколку кандидати за наследник на Трас – Сунак, Мордоунт, Хант, но и Борис Џонсон

Оставката на британската премиерка и лидерка на Конзервативната партија, Лиз Трас, е голем удар за партијата која под водство на нејзиниот претходник Борис Џонсон, извојува убедлива победа на изборите во декември 2019 година.

Нови партиски избори меѓу ториевците ќе се оддржат многу брзо, а Трас при соопштувањето на оставката, денеска, најави дека конзервативците веќе следната недела ќе имаат нов лидер.

Меѓу луѓето кои би можеле да се кандидираат се Риши Сунак и Пени Мордоунт, противници кои загубија токму од Трас на последните внатрепартиски избори, како и Џереми Хант, актуелниот министер за финансии кој на функцијата дојде минатиот петок.

Не и исклучено ниту потенцијалното враќање на Борис Џонсон во политиката, а некои од неговите сојузници во партијата во последните недели тврдеа дека неговата смена била грешка.