АД ЕСМ произведува со два блока од РЕК Битола и еден од РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино се сервисира

-Во моментот АД ЕСМ произведува електрична енергија преку два блока во РЕК Битола, еден блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните, кои се користат пред сѐ за системски услуги.
Со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети, соопштја од ЕСМ.
-ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката. Тоа е заради поголема доверливост за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени, соопштија од компанијата.