
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (37) во документарниот серијал „Капетани“, кој го работеа Нетфликс и ФИФА+каналот, го најави настапот на Светското првенство во Катар.
Модриќ откри дека веќе следниот Мундијал е под знак прашање кога станува збор за неговиот настап.
-Свесен сум дека крајот на мојата кариера е се поблиску и СП во Катар веројатно ќе биде мојот последен натпревар за Хрватска. Луѓето често ме прашуваат зошто и понатаму играм за репрезентација наместо да се фокусирам на клуб. Репрезентацијата е многу посебна за мене, нема посилно нешто од тоа да играш за својата држава. Моето збогување веројатно ќе биде тешко, вели Модриќ.
Во дресот на репрезентацијата одигра 154 натпревари и зaби 23 гола.