Германскиот претседател во неочекувана посета на Украина

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во вторник наутро пристигна во неочекувана посета на Украина, јави ДПА.

Според германската новинска агенција, ова е прво патување на Штајнмаер во Украина од 24 февруари, кога Русија ја започна својата специјална воена операција во Украина. Меѓу другото, германскиот претседател планира во Киев да се сретне со неговиот украински колега Владимир Зеленски.