Русија објави нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се предвидува формирање комисија која ќе ги истражува активностите на американските биолошки лаборатории во Украина.
Нацрт-документот треба да биде разгледан на седницата на Советот за безбедност на 27 октомври.
Во него се вели дека Советот за безбедност на ОН треба „да формира комисија составена од сите членови на Советот за безбедност за да ги истражи тврдењата против САД и Украина содржани во жалбата на Руската Федерација во врска со почитувањето на обврските од (Биолошкото оружје) Конвенцијата во контекст на активностите на биолошките лаборатории на територијата на Украина, како и да поднесе до Советот извештај за ова прашање кој содржи препораки до 30 ноември 2022 година и да ги информира државите членки на Конвенцијата на нејзината Деветта Прегледна конференција што ќе се одржи во Женева на 28 ноември – 16 декември 2022 година за резултатите од истрагата“.