Николоски на гала вечера со европските лидери, разговараа за потребата Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и за подобар животен стандард

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  беше на гала вечера со европските лидери.

Со нив разговарал за потребата Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и за потребата од подобар животен стандард

„Македонија се сака со дела. Вечерва на гала вечера со европските лидери разговарам за потребата Македонија да почне преговори со ЕУ, за битката со криминал и корупција и потребата од подобар животен стандард.

На иста маса со врвен белгиски дипломат, една од водечките француски новинарки, одговорната за односи ЕУ – Кина во престижниот Фајненшл Тајмс, како и главниот опозициски лидер во Белорусија разговораме за состојбата во Европа и што може да се направи во следниот период за да се врати европскиот дух“ – посочи Николоски.